Теута Арифи со поддршка за Владата на „Заев 2“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговараше за проектите во Тетово, и новите автобуси кои, како што рече, чекаат возачи.

На прашање на модераторот за тоа како ја оценува работата на премиерот Зоран Заев, Арифи рече дека Владата дава целосна поддршка на Општина Тетово и дека првата Влада предводена од Заев била фокусирана на решавање на крупни стратешки прашања, додека пак оваа Влада е фокусирана за проекти кои за неа, како градоначалничка на Тетово се важни.

„Во 2016 и 2017 година клучно беше да се формира ова мнозинство кое што ќе ја води државата напред, кон исполнување на нашите стратешки цели. Владата „Заев 2“ е фокусирана на проекти кои поради пандемијата не може со брза динамика да се реализираат, но сепак даваат голема поддршка на општините, во делот на инфраструктура, пречистителни станици и други проекти“, посочи Арифи.

Таа напомена дека би сакала да се кандидира и за трет мандат за градоначалник на Тетово, но сепак остави партијата да одлучи согласно анкетите за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник.