ТикТок забрани пристап за деца под 13 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинеска платформа за објавување на видеа денес го блокираше пристапот на деца под 13 години на апликацијата „ТикТок“ и ќе користи вештачка интелигенција за да ја потврди возраста на корисникот, по неодамнешната смрт на 10-годишно девојче од Палермо кое изврши самоубиство поради несовесен предизвик.

Италијанското тело за надзор ќе ја процени ефективноста на мерките објавени од „ТикТок“, објави АНСА.

Смртта на девојчето на 21 јануари беше проследено со случај на 48-годишна жена од Сиракуза, Сицилија, која беше испрашувана за наводно поттикнување самоубиство објавувајќи видео на ТикТок, во кое се гледаат маж и жена како завиткуваат селотејп околу устата и нос, во друг предизвик.

Истражителите, во меѓувреме, ја проширија истрагата за смртта на една девојка од Палермо, поставувајќи прашања кон Фејсбук и Инстаграм за тоа како е можно да се отворат сметки на нивните платформи.

Фејсбук соопшти дека целосно ќе соработува со истражителите, а што се однесува до влијателната ТикТокерка од Сиракуза, полицијата откри дека објавила повеќе снимки со чија помош достигнала 730.000 следбеници од различна возраст.

Сите предизвици ги изведуваше „инфлуенсерката“ од Сиракуза, а сите нејзини видеа беа отстранети.