Во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, дебатираме со Драган Тилев, советник на министерот за европски прашања, како и Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.
Коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за Македонија, Тилев рече дека вакви извештаи имало и во минатото, и не се согласува дека ова е „најлошиот извештај на ЕК за Македонија“.
„Не би можел да се сложам дека е најлош извештајот од Европската комисија. На 18 министри за европски прашања сум бил или сум соработник, сум поминал се и сешто, вакви извештаи читам веќе неколку години. Првиот извештај го добивме на 3-4 страници, многу едноставен, кус извештај, за разлика од сегашните кои се повеќе од 100 страници. Тоа беше само некаков почеток, но и тогаш се обидувавме да процениме дали е добар или лош, и секоја година имате некој кој го ценат како лош, некои како добар. Извештајот е слика што се случило во последните 12 месеци, односно период во кој се оценува напредокот од септември минатата година до сепмтеври оваа година. Има уште еден дел од оценката во последните 5-6 години, кумулиран напредок со усогласувањето со ЕУ“, изјави Тилев.
