Тинејџер избоден со нож на божиќен базар во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Херфорд , во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија , 16-годишно момче е тешко повредено во напад со нож . Како што потврди портпаролот на полицијата, инцидентот се случил во споредна улица, во близина на божиќниот пазар , пишува „Шпигел“.

Според првичните информации, напаѓачот и жртвата се познавале од претходно. Осомничениот по нападот избегал и уште е во бегство, а полицијата не објавува дополнителни детали за него поради истрагата.

Младиот човек претрпел убодна рана во грбот и итно бил префрлен во болница.