„Титаник“, СДСМ бара разрешување на Мицкоски – Стоилковски интервенираше при појавувањето на Каевски: Како не ти е срам?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на екс премиерот Никола Груевски, ја признаа вината за случајот Титаник, СДСМ бара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Дарко Каевски од СДСМ  излезе пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека сега  се видело зошто Мицкоски барал  да се избрише член  156 од КЗ.

Додека Каевски го читаше говорот што го имаше подготвено,  од белата палата излезе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум  Стоиловски кој се приклучи на ова јавување.

Исто така, дента кога гореспоменатите ја признаа вината, Никола Груевски од Будимпешта напиша статус на Фејсбук. Тој  истакна дека обвинетите се уценети да ја признаат вината со цел  да се стави дамка  на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ги понижат обвинетите до таа мера да прифаќајки своја вина која не постои и која шест години аргументирано ја докажуваа, да направат една голема “флека” како за себе лично, така и за партијата, но и потенцијална штета на останатите неправедно обвинети во процесот“, вели Никола Груевски.

Инаку седницата за изрекување на пресудата за дел од обвинетите во случајот Титаник кои ја признаа  вината е закажана  за 28 февруари. Јанакиески, Јанкуловска и Протоѓер се сомничат за криминално здружување, прекршување на правото на глас, прекршување на слободата на определување н а гласачите, поткуп за време на изборите и гласањето, уништување изборен материјал и злоупотреба на фондови за финансирање н а изборната кампања.