„Тоа е страшно“, вака пратеникот Беким Ќоку ги опиша колоните на Блаце и рече дека е неприфатливо и иритирачко да се чека толку долго на граница. Тој рече дека договорот со Косово требаше да се почне да се спроведува од 1 јануари, но има технички проблеми.
„Се трудам максимално да не го користам мојот дипломатски пасош бидејќи сакам да го почувствувам ужасот што се случува на границата, тоа е навистина неприфатливо. Досадно е да се чека толку долго на граница. Имаме меѓувладин договор кој требаше да се спроведе на 1 јануари, но очигледно има потешкотии од техничката страна. Јас и лидерите на ВРЕДИ се обидовме да влијаеме и да го имплементираме овој Едношалтерски систем на граничните премини што е можно поскоро и верувам дека тоа ќе биде направено и инсталирано многу брзо“, вели Беким Ќоку.
Во „Дејли клик“ повторно го прашавме Ќоку за легитимноста, при што, тој рече дека не е се во бројките, туку таа може да се постигне и со изградба на канализација и водовод во градот каде што се живее.
„Во ниедна литература за легитимноста, не ја наоѓате легитимноста само кај бројките. Легитимноста на бројките е последна. Се обидов да бидам малку потеоретски, но можеби теоретскиот дел не функционира, тука се бара некаков популизам. Велам, легитимитет ти дава и изградбата на канализација или водовод во градот од кој си. Не може да се даде легитимитет со сила, моќ на манипулација и купување гласови и уценување на гласачите, бидејќи со бројките можете да манипулирате на различни начини, со уцени, со крадење гласови, со манипулација со гласачките кутии“, вели Беким Ќоку.
Што се однесува до албанскиот јазик, Ќоку рече дека тој законски и уставно не постои во Македонија. Додаде дека во Уставот на Македонија не се споменува албанскиот јазик, а Албанците само еднаш се споменуваат како малцинство.
