„Тоа што Бугарија го бара од нас е многу опасен преседан“, смета Фрчковски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Професорот Љубомир Фрчковски смета дека тоа што Бугарија го бара од нас е многу опасен преседан.

Тој во „Клик Плус“ на ТВ21 додаде и дека власта оди на добар пат.

„Сметам дека власта оди на добар пат. Се обидуваат да направат партнери кои ќе ја поддржат нашата позиција, и ќе извршат притисок на Бугарија. Дека тоа прашање треба да се расправа надвор од европскиот процес, и тоа е добра изјава на американскиот претставник на западниот балкан. Ние се обидуваме сојузниците да ги убедиме да вршат притисок, исто така да ја видиме ситуацијата, дали Бугарите се сосема осамени во ЕУ, бидејќи тоа е важно, затоа што Бугарија тоа што го бара од нас е преседан, многу опасен“, вели Фрчковски.

Тој истакнува дека доколку им се отворат со ваква одлука треба да си наметнуваат решенија, а тоа е хаотична одлука.

„Дури и Бугарија да не попушти, ЕУ треба да реагира. Независно што Бугарија е член на ЕУ, принципот што го бара Бугарија е опасен за нив. Важно е да се убедат во тоа. Таа дипломатска акција се одразува на дијалогот. Европјаните мора да реагираат на овој преседан“, посочува Фрчковски.