Топ 20 најздрави градови во светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авторите на страницата money.co.uk спроведоа студија на тема „најздравиот град во светот“.

Секако земена во предвид беше и пандемијата од ковид-19, но беа земени предвид и следниве параметри: нивото на дебелина на граѓаните, очекуваниот животен век, трошоците на животот, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број на сончеви часови.

По деталните пресметки, дојде топ список од 20 градови, а победник е Валенсија во Шпанија.

Медитерански начин на живот, идеална трпеза и клима, со одлична географска положба, што овозможува мало загадување, го прават овој град најдобриот престој во моментот.

Она што ги израдува сите Шпанци е што нивниот главен град зазеде високо второ место, а овој резултат не изненади многумина, пишува ЦДМ.

По нив следуваат Лисабон, Виена и Канбера, а најблизок град до нас е Љубљана, која се позиционираше на високото 9-то и романскиот Клуж на 16-то место:

  • Валенсија, Шпанија
  • Мадрид, Шпанија
  • Лисабон, Португалија
  • Виена, Австрија
  • Канбера, Австралија
  • Тел Авив, Израел
  • Токио, Јапонија
  • Хаг, Холандија
  • Љубљана, Словенија
  • Цирих, Швајцарија
  • Аделаида, Австралија
  • Хаифа, Израел
  • Порто, Португалија
  • Рејкјавик, Исланд
  • Темишвар, Романија
  • Клуж, Романија
  • Хелсинки, Финска
  • Бурса, Турција
  • Бризбејн, Австралија
  • Копенхаген, Данска