Топчиња со урми и куркума

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мали слатки залаци за секоја пригода.

Состојки:

– 8 урми

– 60 гр семки од сончоглед

– 1 кафена лажичка куркума

– прстофат сол

– прстофат мелен ѓумбир

– 1/2 лажичка екстракт од ванила

– 80 гр темно чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки.

Ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не стане леплива и не може да се обликува во топчиња.

Обликувајте ги топчињата, ставете ги во чинија и ставете ги во замрзнувач најмалку еден час, пишува Index.hr.

Растопете го темното чоколадо на тивок оган со постојано мешање. Потопете ги топчињата во темно чоколадо, а потоа ставете ги во фрижидер уште малку.