Торнадо уби најмалку 5 лица во Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска е потрврдена смртта на пет лица од торнадо во источната кинеска провинција Шандонг, јави АП.

Во петокот попладне торнадо погоди многу делови од градот Хеџи, и областите Донгминг и Јуанчин. Повредени биле најмалку 88 лица. Меѓу нив имаше и пет чија смрт подоцна беше потврдена.

Властите соопштија дека се оштетени 2820 куќи, повеќе од 50 далноводи и повеќе од 4000 хектари земјоделски култури.