Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи во техничката влада, вечерва во Клик Плус на ТВ21 одговори дали ќе остане министер за внатрешни работи во новата влада.
„Мојот збор сум го дал на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека кога е најтешко ќе бидам тука, и покрај тоа адвокатурата ми е љубовна професија. Добро би било да го прашат идниот претседател на Владата“, рече Тошковски.
