Трабзонспор го промовираше Енис Барди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално е нов член на Трабзонспор. Турскиот тим го промовираше играчот од средниот ред, кој ќе го носи дресот со број 29 во новиот тим.

Барди доаѓа во Трабзон од тимот на Леванте, каде мина пет години и имаше успешни настапи.

Летово беше баран од неколку клубови, на крајот се одлучи да ја прифати понудата од турскиот првак кој ќе игра во квалификациите за пласман во групите во Лигата на шампионите.

Yeni yuvana hoş geldin Enis Bardhi. ♥️💙 pic.twitter.com/YyvhCrQM4u

— Trabzonspor (@Trabzonspor) August 12, 2022