Траект удри во пристаниште во Неапол, многу лица повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Триесетина лица се повредени денеска во несреќа на траект кој пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното море.

Уште нема официјално соопштение, но бродот Исола ди Просида се забил во пристаниште по доаѓањето во градот Неапол.

И покрај големиот број на повредени, никој не е во животна опасност. На остворот Капри во заливот на Неапол, од средата трае состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 земјите.