Трагедија во Англија: Играч почина враќајќи се дома од натпревар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Итан Меклад, играч на англискиот клуб од пониската лига Маклсфилд, загина во сообраќајна несреќа.

Меклауд, кој имаше само 21 година, го загуби животот враќајќи се дома од натпреварот на својот тим против Бедфорд во вторник вечерта.

Тој беше фудбалер кој помина низ младинската академија на Вулверхемптон, а по периодите во Рашал и Стоурбриџ стана член на Маклсфилд.

Младиот играч роден во Бирмингем играше на позицијата десно крило.

Тој одигра три натпревари оваа сезона и постигна еден гол.