Во Кутања кај Доњи Вакуф во Босна и Херцеговина, бик усмртил човек по борба со бикови, јавува Дневни аваз.
Директорот на борбите со бикови, Азем Чауш, изјави дека несреќниот инцидент се случил надвор од арената, додека сопственикот на бикот го водел животното кон камион по борбата.
Потоа бикот го прободел случајниот минувач со својот рог, кој им подлегнал на повредите на пат кон болница.
