Трагедија во Гостивар: Најдени две безживотни тела во реката Вардар

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Градот Гостивар се разбуди со тажната вест за давењето на две лица во реката Вардар. Станува збор за 20 годишна девојка која од се уште непознати причини се фрлила во реката и за 45 годишен маж кои завршил трагично обидувајќи се да ја спаси девојката.

„Се наоѓаме на местото каде што синоќа неколку минути по полноќ, 20 годишна девојка од Гостивар се фрлила во реката Вардар. На местото на настанот бил 45 годишниот Б.А. заедно со неговиот брат, кој се фрлил во реката за да ја спаси 20 годишната девојка. Неколку секунди откако се обидел да ја извади од реката, тој заедно со 20 годишната девојка се однесени од реката Вардар и нивните безживотни тела се најдени денеска“, јавува репортерот на ТВ21.

Трагањето по телата на жртвите од полицијата и жителите почнале веднаш откако бил пријавен случајот во полиција и во 3 часот наутро, во селото Чајле, конкретно во близина на детското игралиште е најдено телото на девојката. Околу пладне денеска полицијата го нашла и телото на 45 годишниот маж меѓу селата Форино и Чегране.

Телата на жртвите се испратени на обдукција а потоа ќе им бидат предадени на семејствата за испраќање во нивните вечни почивалишта.

Случајот го потврдија и од СВР Тетово и од таму велат дека ги истражуваат причините за оваа трагедија.