Трагедија во Грција: Маж загина откако со автомобил паднал во море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагичен инцидент се случи во грчкиот крајбрежен град Ермиони, каде што 52-годишен маж загина откако автомобилот што го управувал, од засега непознати причини, паднал во морето во пристаништето Мандракија.

Според информациите објавени од грчкиот весник Катимерини, на местото на несреќата веднаш пристигнале припадници на крајбрежната стража. Со помош на приватно лице, успеале да го извлечат возачот од возилото.

Мажот бил пронајден во безсознание и веднаш бил пренесен во здравствениот центар во Краниди, каде што, за жал, лекарите само можеле да констатираат смрт.

Телото било пренесено во Општата болница во Аргос, каде ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта, пренесе Танјуг.