Трагедија во Турција: Се урна зграда во Истанбул, има заробено луѓе под урнатините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шесткатна зграда се урна утрово во близина на Истанбул, Турција, а се стравува дека најмалку пет лица се заробени под урнатините.

Инцидентот се случил утрово околу 7:30 часот во градот Гебзе во покраината Коџаели во близина на Истанбул. Зградата се урнала од непознати причини, јавуваат турските медиуми.

Спасувачките екипи испратени на местото на настанот започнаа спасувачка операција.

„Се верува дека шест лица се заробени под урнатините. Нашите пребарувања и спасувања интензивно продолжуваат“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Две семејства, вкупно седум лица, наводно живеат во зградата. Спасувачите наводно ги слушнале гласовите на заробените луѓе, поради што продолжуваат со операцијата за пребарување и спасување.