Ова е местото каде синоќа се случи трагичната несреќа на главниот пат во Кичево, при што на местото на настанот загинаа три лица…
-Се наоѓаме на главниот пат во Кичево, точно на местото каде што синоќа се случи трагична сообраќајна несреќа. Во оваа сообраќајка учествувале три автомобили, при што загинаа три лица. Ова место каде што се наоѓаме е главниот пат кој минува низ Кичево, додека местото е познато како бунарот на Сефер. Кичевци знаат дека ова место е веќе познато по бројни сообраќајни несреќи кои завршуваат фатално, пренесува репортерката на ТВ21, Салије Садику Пинџоли.
Во извештајот на Секторот за внатрешни работи Охрид се објавени идентитетите на трите жртви.
-На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала. Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција, рече Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Според полицискиот извештај, во сообраќајката учествувале три автомобили: Мерцедес, Форд и Опел. Во оваа несреќа се повредени уште осум лица, меѓу кои и децата на починатите сопружници.
За овој тежок настан што го потресе Кичево зборуваше и министерот за внатрешни работи Панчо Тошковски, кој рече дека според информациите што ги поседува големата брзина била причина за сообраќајната несреќа.
Од Јавното обвинителство соопштија дека се прибавени сите потребни докази за докажување на причината за несреќата, додека телата на починатите по наредба на Обвинителството се предедени за обдукција.