Трајанов: Не може играњето фудбал по канцеларии да мине неказнето – затоа СДСМ доживеа висок пораз, а ДУИ ќе оди во опозиција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Павле Трајанов од Демократски сојуз, во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека политиките и однесувањето на власта, беше казнета од граѓаните на изборите.

„Не можев јас да предвидам која партија ќе победи, особено пред година и пол. Важно е дека го објавивме нашиот став дека државата оди во погрешна насока, важно беше да ги аламрмираме граѓаните дека власта е узурпирана. Не може да играат фудбали по канцелариите, и сето тоа да помине без последици. Цената ја плати СДСМ, затоа доживеаја таков пораз, но исто така ДУИ првпат заминува во опозиција“, изјави Трајанов.