Во Соединетите Американски Држави, американскиот претседател Доналд Трамп во Белата Куќа зборуваше за најновите случувања на Блискиот Исток. Тој кажа дека очекува Хамас да се разоружа, доколку не се случи тоа, тогаш ќе има реакција од САД.
„Ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме. И тоа ќе се случи брзо, можеби насилно“, рече Трамп за време на состанокот со аргентинскиот претседател Хавиер Миел.
Трамп рече дека по разговорот со претставници на Хамас, добил порака дека групата ќе се разоружа.