Трамп: Америка е почитувана како никогаш досега

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши посетата на Азија и истакна дека за време на посетата се постигнати големи трговски договори и дека се воспоставени долгорочни односи, како и дека Америка е „попочитувана од кога било“.

Тој на социјалната мрежа „Truth Social“ напиша дека се сретнал со лидерите на неколку земји во Азија, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Камбоџа и Виетнам.

„Беше голема чест да се сретнам со нив, но, уште повеќе, да видам дека Америка повторно е почитувана – почитувана како никогаш досега“, напиша Трамп на платформата Truth Social.