Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, предизвика широки реакции со новата објава на платформата „Truth Social“ во вторник, тврдејќи дека неговата улога е клучна за опстанокот на НАТО.
Трамп напиша дека „ниту една личност или претседател, не направил повеќе за НАТО од претседателот Доналд Трамп“, додавајќи дека без негова интервенција, трансатлантскиот воен сојуз повеќе нема да постои.
„Да не дојдев, сега ќе го немаше НАТО! Ќе беше во корпата за ѓубре на историјата. Жално, но ВИСТИНИТО!“, напиша Трамп.
Претходно истиот ден, Трамп ретвитна уште еден пост во кој тврдеше дека Кина и Русија се „марионети за заплашување“, додека „вистинската закана“ за Соединетите Американски Држави доаѓа од ОН, НАТО и исламот.

