Трамп е на Флорида, таму ќе ги чека резултатите од изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател Доналд Трамп утрово околу 6 часот по локално време се врати во својата резиденција Мар-а-Лаго. Трамп имал редовни телефонски повици, повикувајќи ги републиканските сојузници и избраните функционери.

Трамп ќе ги поздрави резултатите во Мар-а-Лаго, каде се поканети неколку стотици гости. Си-Ен-Ен објави дека Трамп во текот на вечерта ќе се сретне со тесен круг негови главни сојузници и големи донатори.

Во меѓувреме, илјадници други ќе чекаат во блискиот конгресен центар, каде што Трамп треба да одржи говор подоцна. Трамп им рече на новинарите дека се уште не напишал говор за таа пригода, но дека планира да се појави таму.