Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го пофали Доналд Трамп за она што го нарекува „неговите неуморни напори“ за постигнување прекин на огнот.
Таа рече дека била информирана за разговорот на американскиот претседател со Владимир Путин, заедно со Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони, финскиот претседател Александар Стаб и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Важно е САД да останат ангажирани. Ќе продолжиме да го поддржуваме Володимир Зеленски за да постигне траен мир во Украина“, рече таа.
