Трамп го напушти медицинскиот центар и се врати во Белата куќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД Доналд Трамп го напушти Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“ и се врати во Белата куќа откако три ноќи помина во болницата лекувајќи се од коронавирус.

Претходно, Трамп го минимизираше своето искуство преку твит во кој го најави заминувањето од центарот.

“Не плашете се од Ковид-19. Не дозволувајте да доминира во вашиот живот”, напиша Трамп, дури и откако неговите лекари предупредуваа дека тој сè уште не е “надвор од шумата”.

Зградата, односно Белата куќа во која се враќа, стана центар за вирусна зараза – делумно поради непочитување на мерките за ублажување.

Трамп излезе од влезните врати на болницата во 18 часот и 38 минути.

Тој се спушти по неколку скалила по своја волја облечен во костум и со заштитна маска. Трамп им мавташе на новинарите и кажа „благодарам“, пред да влезе во автомобилот.

Инаку, тој ги игнорираше прашања од новинарите.