Трамп го одбра „кралот на криптовалутите“ за советник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи инвеститорот, пријателот на Илон Маск, Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути.

Сакс, искусен, но контроверзен технолошки извршен директор, ќе има големо влијание врз обликувањето на технолошката политика на земјата.

Ова дополнително го зацврстува влијанието на Маск и претприемачот Питер Тиел во најважните делови од идната американска администрација.

Сакс беше ко-основач на PayPal, каде што работеше со Маск и Тиел, а подоцна инвестираше во нивните компании SpaceX и Palantir.