Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека претседателот на Кина, Си Џинпинг, е „строг“ и дека е „исклучително тешко да се постигне договор со него“.
„Го сакам кинескиот претседател Си, отсекогаш сум го сакал и отсекогаш ќе го сакам, но тој е многу строг и е исклучително тешко да се постигне договор со него“, рече Трамп во објава на својот профил на Truth Social, објави Ројтерс.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави во понеделник дека Трамп ќе разговара со Си оваа недела.
