САД и Јужна Кореја постигнаа трговски договор кој вклучува царина од 15 проценти за увозот од Јужна Кореја, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп објави на социјалните мрежи дека Јужна Кореја ќе инвестира 350 милијарди долари во САД и ќе купи американски енергетски производи во вредност од 100 милијарди долари, објави Ројтерс.
Исто така, беше договорено дека Јужна Кореја ќе биде целосно отворена за трговија со САД, вклучително и прифаќање на американски производи како што се автомобили, камиони и земјоделски производи.
