Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати до нацијата. Во 20-минутниот говор, тој рече дека Иран е уништен и најави уште пожестоки напади доколку Техеран не се согласи со договорот.
Трамп го искористи своето прво обраќање до нацијата од почетокот на војната во Иран за да ги оправда трошоците што конфликтот им ги наметнува на Америка и на светот, инсистирајќи дека неговиот крај е близу.
Тој рече дека Иран е десеткуван и дека тешкиот дел од војната е завршен. Сепак, додаде дека САД ќе го нападнат Иран „исклучително силно“ во следните две до три недели.
„Вечерва, со задоволство можам да кажам дека овие клучни стратешки цели се приближуваат кон завршување. Во текот на изминатите четири недели, нашите вооружени сили постигнаа брзи, решителни, убедливи победи на бојното поле – победи какви што малкумина досега виделе“, рече Трамп.
„Ќе им зададеме многу силен удар во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во камено доба, каде што им е местото“, рече Трамп.
