Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Иран му е оставен ограничен временски период од два до три дена, со можност рокот да биде продолжен до почетокот на следната недела, пред евентуално да бидат преземени понатамошни воени дејствија.
Трамп порача дека САД не смеат да дозволат Иран да поседува нуклеарно оружје, предупредувајќи дека тоа би претставувало сериозна закана за Израел.
„Петок, сабота, недела – тоа е ограничено време. Не смееме да им дозволиме на Иран да има нуклеарно оружје, бидејќи ако го имаат, ќе почнат со Израел и брзо ќе го разрушат“, изјави Трамп.
Неговата изјава доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и засилени стравувања од можна ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел.
