Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе „преговара“ пред очекуваните разговори во Пакистан, предупредувајќи на сериозни последици ако тоа не го стори.
Во краткото телефонско интервју за „Шоуто на Џон Фредерикс“, Трамп изрази увереност дека Техеран ќе се согласи на преговори.
– Ќе преговараат, а ако не го сторат тоа, ќе се соочат со проблеми какви што никогаш порано не виделе – рече тој.
Трамп додаде дека се надева на „фер договор“ што ќе му овозможи на Иран да ја обнови својата земја, нагласувајќи дека во тој случај „тие нема да имаат нуклеарно оружје“.
