Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје и повика на итна евакуација на Техеран.
„Иран требаше да го потпише договорот што им го понудив. Каква срамота и загуба на човечки животи. Едноставно кажано, Иран не може да има нуклеарно оружје. Го кажувам тоа одново и одново! Сите треба веднаш да го евакуираат Техеран“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.
Тој додаде дека Америка е на прво место и дека овој слоган имплицира многу, вклучително и решителноста да не се дозволи Иран да развие нуклеарно оружје.
Трамп заврши со зборовите: „Да ја направиме Америка повторно голема“.
