Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека исходот од преговорите со Иран ќе биде одлучен во следните десет дена, додавајќи дека е време Иран да се приклучи во постигнувањето мир во регионот на Блискиот Исток.
„Можеби ќе мора да преземеме повеќе чекори, а можеби и не“, рече Трамп за време на првиот состанок на Советот за мир во Вашингтон, нагласувајќи дека Иран ќе мора да постигне договор „или ќе се случат лоши работи“, објави NBC News.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, претходно изјави дека САД и Иран постигнале договор за „водечките принципи“ за нуклеарните преговори.
САД го зголемија своето воено присуство во регионот поради можноста за американски напади врз Иран, што веќе се случи во јуни минатата година, кога беа нападнати ирански нуклеарни цели.
