Трамп: Израел ќе ја изгуби целата поддршка од САД ако го анектира Западниот Брег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Израел ќе ја изгуби „целата поддршка“ од САД ако се обиде да продолжи со анексијата на окупираниот Западен Брег.

„Тоа нема да се случи. Нема да се случи. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. А тоа сега не можете да го направите. Имавме голема арапска поддршка. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. Нема да се случи. Израел ќе ја изгуби целата поддршка на САД ако тоа се случи“, рече Трамп во интервју за списанието „Тајм“ на 15 октомври, објавено денес.

Тој рече дека го „присилил“ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната против Хамас во Газа и дека во спротивно „можеби ќе траеше со години“.