Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употребата на американско оружје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја укина наредбата издадена од претходниот претседател Џозеф Бајден, која бараше извештаи за потенцијални прекршувања на меѓународното право поврзани со употребата на американско оружје од страна на сојузниците, вклучително и Израел, изјавија двајца американски претставници и извор запознаен со одлуката.

Наредбата, позната како Меморандум за национална безбедност 20 (НСМ-20), беше издадена во февруари 2024 година по критиките за употребата на американски бомби во воените операции на Израел во Газа, објави Ројтерс.

Наредбата бараше американската влада да поднесе извештај до Конгресот за употребата на американско оружје од страна на други земји, а во извештајот од мај 2024 година беше наведено дека Израел може да биде одговорен за кршење на меѓународното хуманитарно право.