Трамп ќе присуствува на состанок на американските воени генерали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на собир на генерали на американската армија во Квантико, Вирџинија, свикан од американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, според внатрешен документ на Министерството до кој имаше пристап „Вашингтон пост“.

„Имаме потврда од Белата куќа дека американскиот претседател ќе присуствува во вторник“, се вели во документот, но не се наведува причината за неговото присуство.

„Еј-Би-Си њуз“ вчера објави, повикувајќи се на пет неименувани американски претставници, дека Хегсет ќе разговара со група од неколку стотици генерали на состанок во Квантико во вторник за враќање на „етиката на воин“ во американската војска и ќе воведе нови стандарди за таа цел.