Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Кина нема да се осмели да го провоцира бидејќи претседателот Си Џинпинг знае дека републиканскиот кандидат е „луд“.
Во разговор со уредничкиот одбор на Волстрит журнал, Трамп рече дека доколку биде избран за претседател следниот месец, ќе воведе царини за Пекинг доколку дојде до блокада на кинескиот регион Тајван.
Трамп рече дека нема да мора да употреби сила за да ја спречи блокадата на островот бидејќи Си „ме почитува и знае дека сум луд“.
„Имав многу однос со него. Беше навистина добар, не сакам да кажам пријател, не сакам да се однесувам глупаво, но одлично се согласував со него“, изјави Трамп за Си.
