Американскиот претседател Доналд Трамп утрово изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со Владимир Путин бидејќи рускиот претседател не сакал да ја запре војната против Украина и додаде дека денес ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Американските обиди да се стави крај на војната на Русија во Украина преку дипломатски канали во голема мера наидоа на ќорсокак, а Трамп се соочува со сè посилни повици, вклучително и од некои републиканци, да го засили притисокот врз Путин да започне сериозни преговори.
Откако вчера разговараше со Путин, Трамп планира да разговара и со Зеленски денес, изјави тој за новинарите по враќањето во Вашингтон од патувањето во Ајова.
„Многу сум разочаран од разговорот што го имав со претседателот Путин денес… Многу сум разочаран“, рече Трамп. „Само велам дека не мислам дека сака да престане, а тоа е лошо.“
