Доналд Трамп е „многу разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер затоа што веднаш не им дозволи на САД да ја користат воздухопловната база Диего Гарсија за напади врз Иран, изјави американскиот претседател во интервју за „Телеграф“.
Велика Британија првично одби да им дозволи на САД да извршуваат воздушни напади од нејзините бази, но Стармер во неделата вечерта изјави дека прифаќа барање за нивна употреба во американските „одбранбени напади“ врз ирански цели.
Трамп за еден британски дневен весник изјави дека на Стармер му требало „премногу долго“ да се премисли.
„Веројатно ова никогаш порано не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за Телеграф.
„Звучи како да бил загрижен за легалноста“, додаде Трамп.
Британскиот премиер објави дека го прифаќа американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“, рече Стармер.
