Трамп: Морам да се видам со Путин што поскоро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД Доналд Трамп, се огласи по повод мировните преговори помеѓу Русија и Украина во Истанбул.

„Време е едноставно тоа да го направиме, ќе го завршиме тоа“, изјави Трамп кој додаде дека мора да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што поскоро, и тоа веднаш штом се договорат.

Трамп кажа дека не е изненаден што Путин не дошол во Истанбул кои САД ги организира помеѓу руската и украинската делегација за ставање на конечен мир.

„Путин не сакаше да дојде, затоа што јас нема да бидам таму“, изјави Трамп, кој вчера најави дека ќе нема поместување напред кон мир, се додека не се состане со Путин во живо.