Трамп: Можно е јас да бидам оној што ќе интервенира во Куба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп навести можност за интервенција во Куба, во период кога тензиите меѓу двете земји повторно се зголемуваат, објави АП

„Други претседатели размислуваа да направат нешто во последните 50-60 години. Изгледа дека јас ќе бидам тој што ќе го направи тоа. И би бил среќен да го направам“, изјавил Трамп во четвртокот, одговарајќи на новинарско прашање за Куба.

Тој ја нарече Куба „пропадната држава“, тврдејќи дека земјата се соочува со сериозни проблеми, вклучувајќи недостиг од електрична енергија и финансиски средства.

Изјавите на Трамп доаѓаат само еден ден откако федерални обвинители подигнаа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро за заговор за убиство на американски државјани и други кривични дела поврзани со соборувањето на два авиони меѓу Куба и Флорида во 1996 година.

Случајот, кој повторно беше активиран по првичните обвиненија од 2003 година, го товари Кастро и уште пет лица за соборување на авионите на кубанско-американската група „Brothers to the Rescue“ и за смртта на четири лица, меѓу кои и тројца американски државјани.