Трамп најави нова платформа за крипто валути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој повторно се кандидира за таа позиција на ноемвриските избори, денеска објави нова платформа за крипто валути „The DeFiant Ones“, која е во сопственост на неговата организација.

Името е игра на зборови бидејќи може да се чита како „пркосен“, додека DeFi е популарна кратенка за децентрализирано финансии.

Трамп оваа информација ја сподели со своите 7,5 милиони следбеници на мрежата „Truth Social“.