Трамп нареди да се преиспитаат субвенциите кои ги добива Илон Маск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп денес предложи Министерството за владина ефикасност на САД (DOGE) да разгледа намалување на субвенциите што ги добиваат компаниите на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, со цел да се заштедат пари во федералниот буџет.

„Елон би можел да добие повеќе субвенции од кое било човечко суштество во историјата, без сомнение, а без субвенции, веројатно би морал да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Тој додаде дека во тој случај нема да има повеќе лансирања на ракети на Маск, сателити или производство на електрични автомобили и дека САД ќе „заштедат богатство“.