Трамп не е заинтересиран да се врати на Твитер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кажа дека не е заинтересиран да се врати на Твитер.

„Не гледам причина за тоа“, порача Трамп.

Профилот на Трамп на Твитер беше укинат пред 22 месеца поради ризик за поттикнување насилство, неколку дена откако неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот.

Неколку месеци подоцна, тој основаше своја социјална мрежа „Трут Соушл“ и вели дека ќе остане таму.