Трамп не го спомена Бајден по име во последниот говор како претседател

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп, пред напуштање на Заедничката база Ендрус за Флорида, во кратките изјави не го споменаа Џо Бајден по име.

Трамп му се заблагодари на своето семејство и вети дека „секогаш ќе се бори“.

„Вие сте неверојатни луѓе. Ова е одлична, одлична земја. Најголема чест и привилегија ми е што бев претседател “, рече Трамп пред толпата од неговото семејство и вработените.

Додека пак следната администрација и посака „голема среќа“, но тој не го спомна избраниот претседател Џо Бајден по име. Во последните зборови пред да се качи во авионот, Трамп рече: „Имајте добар живот, ќе се видиме наскоро“.

Трамп ги отфрлил напишаните забелешки за последниот говор утрово

Помошниците подготвиле говор за Претседателот утрово кој вклучуваше референци за администрацијата што доаѓа и вклучуваше поблагоден јазик за мирна транзиција, според лице запознаено со ова прашање.

Но, Трамп го отфрли говорот и телепромптерите биле отстранети од сцената пред да пристигне во заедничката база Ендрус.

Едно лице запознаено со ова прашање, за Си-ен-ен истакнало дека одлуката е донесена откако Трамп ги прочитал забелешките утрово во Белата куќа.