Претседателот на САД Доналд Трамп не ја исклучува можноста земјата да влезе во рецесија, и да порасне инфлацијата после најавите за тарифи кои ќе предизвикаат турбуленции на пазарот.
Тој во интервју за „Фокс њуз“ рече дека за постигнување на неговите економски цели ќе биде потребно време, и преоден период.
„Постои период на транзиција, затоа што ова што го правиме е многу крупно. Го враќаме богатството на САД, а тоа е голема работа. За тоа ќе биде потребно малку време, но мислам дека ќе биде сјајно за нас“, рече Трамп.
На прашањето дали очекува со царините на увозот на роба во САД ќе ја поттикне инфлацијата во земјата, Трамп кажа дека тоа е можно.
