Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.
„Ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја на денот кога заминав. Не требаше да заминам. Мислам, искрено, затоа што ни одеше толку добро“, рече републиканскиот претседателски кандидат на предизборниот митинг во Литиц, Пенсилванија.
Трамп додаде дека сега има „стотици адвокати“ на секое избирачко место за претстојните претседателски избори. Тој зборуваше за постигнувањата на неговиот мандат.
„Имавме најдобра економија досега. Го имавме тој ѕид. Имавме сè“, рече Трамп.
Трамп ги загуби претседателските избори во 2020 година од неговиот демократски противник Џо Бајден.
