Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран успеал да заштити или премести дел од својот збогатен ураниум пред американските напади врз нуклеарните постројки.
Во интервју за „Фокс њуз“ во неделата, Трамп ги отфрли медиумските извештаи дека Техеран можеби преместил одредени залихи на ураниум.
„Тие не успеаја да преместат ништо“, изјави Трамп, додавајќи дека САД не ги објавиле нападите, и затоа немало време за подготовка.
„Не знаеја дека доаѓаме“, рече Трамп, и кажа дека е исклучително тешко, опасно и логички сложено да се преместува збоганет ураниум.
