Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе се појави на разговорите за војната во Украина закажани за четврток во Турција.
„Тој би сакал да бидам таму, а тоа е можно… Не знам дали ќе дојде ако јас не сум таму. Ќе видиме“, им рече Трамп на новинарите во „Air Force One“ на пат кон Катар, објави Ројтерс.
Русите претходно изјавија дека вечерва ќе објават кој ќе биде дел од руската делегација која ќе патува на мировните преговори во Истанбул, и додаваат дека размената на сите затвореници би можела да биде ставена на маса.
„Што се однесува до преговорите во Истанбул, се ќе се знае вечерва“, рече Леонид Слуцки, заменик претседателот на руската Дума.
„Дали навистина ќе менуваме заробеници, тоа е прашање кое можеби ќе се разгледува“, рече тој.
Претходно портпаролот на Кремљ Димитри Песков рече дека сосавот на руската делегација ќе биде објавен кога ќе бидат добиени инструкции од претседателот Путин.
